Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
2. Двајца
Тоа е тоа. Навистина сум бремена. Таа мала сенка од неколку сантиметри на ултразвукот е моето чедо, кое ќе го држам во рацете по неколку месеци и за кое ќе се грижам додека сум жива.
Враќајќи се од прегледот, во себе открив чувства кои никогаш претходно не сум ги искусила. Интензивни и нови. Од денеска дишам за двајца, мислам за двајца, сè што правам правам за двајца. Може ли некој кој не го почувствувал тоа да знае каква одговорност претставува?
И сега? Што е следно? Има ли некој прирачник за тоа како треба да се чувствувам, што треба да правам, кому треба да кажам и како? Напишал ли некој некогаш упатство за чекорење по патот до родителството? Веројатно не зашто секоја од нас е различна; секоја во различни околности и со различни ставови. Патот, очигледно, е единствен за секој од нас, а чекорите, на еден или на друг начин, мора да се изодат.
Се погледнав во огледало како за последен пат да гледам нечие тело во музеј со восочни фигури. „Ова никогаш нема да биде исто“, си помислив.
Прво му кажав на сопругот. Двајцата бевме среќни. Претпоставувам дека тој можеби и повеќе од мене зашто можеше да ужива во убавината на нашата нова ситуација без да ги почувствува првичните удари на страв, одговорност и на збунетост. Ова не е нешто што го планиравме, но со сигурност е нешто што го посакувавме. Веднаш преминавме на славење и на воспримање на радоста еден со друг. Започнавме со фантазии за тоа какво ќе биде нашето бебе, кои особини ќе ги наследи од кого, кое име ќе му го дадеме, што ќе биде кога ќе порасне... Овие разговори траеја со часови. Времето поминуваше, а нашите теми за разговор беа неисцрпни. Поминавме речиси сè, но во ниту еден момент не се запрашавме меѓу себе: „А како се чувствуваш ти во врска со сето ова?“. Ниту јас него ниту тој мене. А, веројатно, требаше да бидеме прашани.
Затоа јас те прашувам тебе и сакам да погледнеш длабоко во себе и да си одговориш:
„А како си ти?“
Твојата,
Нина.