Совети за капење

Совети за капење:

  • Миење на кожата со сапун и млака вода 37°C.
  • НЕ ПОДОЛГО ОД 5 МИНУТИ!
  • Да се избегнува капење во пенлива вода – иритација.
  • Нежно впивање на водата од кожата особено во прегибите, да се избегнува триење на истата.
  • Веднаш по секое миење со вода на добро исушена кожа, нанесете заштитна крема специјално наменета за нега на бебешка кожа.
  • Пелените треба да се менуваат често. Регијата на пелените е особено чувствителна бидејќи е затворена регија и е погодна за развој на бактерии. Со често влажнење може да се оштети и да се олесни навлегувањето на иританси. Урината и фецесот кои се силни алкални агенси го олеснуваат оштетувањето на кожата.
  • Користете благи сапуни и купки специјално наменети за бебешка кожа.

На бебешката кожа, особено пријатно делува масажата, која може да ја практикуваат мајките. Допирот му дава чувство на сигурност, комфорност и љубов на бебето и претставува неопходен фактор за развој на бебето. Покорисно е масажа со масло. Маслото треба да е меко, оптимално вискозно и да не предизвика триење, да не предизвикува затворање на кожните пори и да овозможува кожата да дише. Масажа се препорачува после 10-от ден. Со масажата се стимулира циркулацијата, преку стимулација на лимфниот проток се јакне имуниот систем, кај бебето се намалува дискомфорот при инфантилни колики, гасови во стомачето, опстипација. Сонот на бебето се подобрува, а се подобрува и координацијата кај бебињата.