Ритуалите на малата принцеза

Заеднички ја започнуваме приказната за „Ритуалите на малата принцеза“. Нејзините авантури и доживувања, како и сите предизвици со кои ќе се соочува се резултат на Вашата имагинација:

Малата принцеза седеше сама во Becutan кралството откако храбриот витез веќе беше заминал на долгиот пат до Сахара. Таа знаеше дека токму денес во големото кралство на Becutan се припрема голем, свечен бал затоа што кралството слави 40 години постоење! Принцезата сакаше да изгледа најдобро што може и затоа побрза да го започне својот ритуал! Стана од креветот, ги протри очињата и отиде до тоалетот каде ги изми своите запчиња со Becutan пастата за заби. Со лесен потег притисна врз пумпата на пената за раце и лице и се изми. На лицето стави од хидратантното кремче на Becutan и се погледна во огледалото – оној сјај на нејзината нежна кожа е тоа што ја прави витинска принцеза! 

Откако принцезата го заврши својот утрински ритуал, таа возбудено истрча до својот плакар и со нетрпение го извлече нејзиниот омилен балски фустан! Со особен сјај во очите се протна во фустанот и се погледна во огледалото. Она што можеше да го види ѝ годеше – горда, силна и храбра принцеза! Тоа беше она што сакаше да го види уште кога беше малечка и беше сè она на што ја учеа: да биде негувана и паметна, да се грижи за себе и за останатите! Погледот ѝ беше запнал во огледалото неколку минути кога се сети – за малку ќе заборавеше да се напрска со Becutan детската тоалетна вода! Од шишенцето, по двата кратки стисоци, се рашири прекрасна миризба. Принцезата веќе со нетрпение ги броеше минутите до големиот бал во дворецот на Becutan. Сакаше да пристигне што побрзо, да се запознае со нови луѓе и да го раскаже она за што копнееше луѓето да го чујат! 

Во големото Becutan кралство највешт во играње криенка беше малиот принц, братот на нашата принцеза.  Тој се беше сокрил и веќе неколку дена никој не можеше да го пронајде. Нашата малечка принцеза шетајќи се низ замокот на Becutan случајно налета на отворената врата од собата на својот брат. Една светла искра ѝ светна во очите - го насочи погледот кон истурената Becutan пудра за деца и низ неа мали чекори кои ги означила обоената прашина.  Немирот си поигруваше со нејзиното руменило и не ќе успееше уште долго да ја скрие возбудата дека конечно сфати каде и како се крие принцот! Се загледа во портокалите кои тромаво отскокнуваа во далечина, управувани од рацете на еден невешт жонглер. Жонглерот имаше бело, напудрено лице низ кое му наѕираа пеѓите. Го оддадоа чевличките со две копчиња по страните. Имаше што да им раскаже на гостите. -Го гледате жонглерот? Тој е нашиот принц. Маскиран принц. Го пронајдов! Принцот се протресе, го избриша белиот прав од своето лице и се поклони. Сестра му секогаш била вешта во откривање на траги и од неа не можеше да скрие тајни. Но, затоа принцезата имаше една… 
Која е големата тајна на нашата принцеза? 

Откако нашата итра принцеза ја откри тајната на својот помал брат, силно го прегрна и почна гласно да ракоплеска за неговата одлична досетка. Малиот принц горд на тоа им посака одлична забава на сите гости на балот. Балот продолжи со одлична музика, превкусни колачиња и многу танцување.Но, тој ден не криеше само малиот принц мала тајна..Принцезата забележа дека сите занесно уживаат во балот и полека му се приближи на своето братче. Го повика да појде заедно со неа за да ја сподели нејзината голема тајна. Всушност, нејзината тајна се криеше веднаш под високите скали кои се наоѓаа во Becutan замокот. Го фати малиот принц за рака и веднаш поитаа кон тајната одаја. Малиот принц изненадено гледаше наоколу, чудејќи се за сите тајни кои ги крие Becutan кралството.Принцезата од нејзината руса коса го извади бисерниот брош и со него ја отвори вратата од одајата. Вратата се отвори, а нејзиното братче со очи широко отворени, за миг занеме, изненаден од она што го здогледа во големата одаја. Огромна Becutan пенливо средство, која беше толку голема што мораа и двајцата со сета нивна сила да ја извлечат од одајата. Принцезата со насмевка на лицето му раскажа на малиот принц дека со оваа пенлива купка се прават огромни меурчиња кои всушност ќе бидат главно изненадување за сите гости кои присуствуваат на балот. Но изненадувањата не завршија тука..Сите гости беа вчудоневидени од ..

Магичната глетка ги опои сетилата на сите присутни.  Меурчињата се вивнуваа високо до таванот и пукаа при самиот допир со него. Гостите кои и онака сакаа со сето срце да бидат дел од ова кралство, се фасцинираа од овој гест на нашата принцеза. И тогаш, во сета таа магична идила, принцезата реши да внесе малку поинаков тон, бидејќи иако таа беше малечка, нежна, негувана и наизглед слатка, во своето срце криеше храброст, а во својата глава умност каква што се не беше видела во уште 7 други кралства! Застана на скаличките и побара момент внимание. Очите на сите присутни се насочија кон усните на малата принцеза кои со секое и најмало движење ширеа мудрост и позитивни вредности! Со понизна скромност, иако беше прочуена принцеза, им се обрати на гостите: „Богат си онолку колку што ќе дадеш! Ве повикувам сите во мојата тајна одаја, да припремиме пакетчиња со најубавите Becutan производи и да ги поделиме низ целото кралство. Нека секој сокак и секоја куќа чуе дека кралството слави роденден и сите нека се радуваат!“ Не поминаа ниту 5 минути, а веќе сите гости беа стигнале во тајната одаја која се чинеше дека нема крај! Како мала фабрика со машини почнаа да ги пакуваат подароците со сина машничка и веќе за половина час беа готови! Последниот подарок кој принцезата го спакува со големо внимание беше поинаков од останатите, а прстите на принцезата додека го приготвуваше како да танцуваа под сините машнички. Тоа беше подарок за најдобриот пријател на малата принцеза. 

Кое мало бекутанче е најдобриот пријател на нашата мала принцеза? 

Откако нашата прекрасна принцеза внимателно ги намести панделките на подарокот, од џебовите извади прекрасно моливче на кое го имаше нејзиниот лик и на парче хартија напиша: КАЈА. Нејзинaта најверна другарка беше малата Каја! Со огромна брзина се затрча кон домот на Каја и со голема насмевка на лицето, онаа по која беше надалеку позната, ѝ го даде специјалниот Becutan подарок! Малата Каја беше пресреќна! Со особена возбуда ги облече своите обувки и иако ноќта како прекривка се спушташе над Becutan кралствoто, заедно со малата принцеза поитаа кон влезот на големиот дворец, бидејќи оваа ноќ го очекуваа присуството на еден многу важен, голем човек во кралството... Знаете ли вие кој најпосле пристигнува дома? 

Прочитајте го крајот на приказната на следниот линк.


Приказните можете да ги прочитате и на социјалните профили Becutan на Facebook и Instagram.