Исхрана на мајката за време на доење

Со правилна исхрана, мајката обезбедува соодветен прехранбен внес за бебето, неопходен за правилен раст, развој и здравје. Воедно обезбедува здраво и силно опоравување  на мајката после породувањето.

Мајката доилка сè уште јаде како за двајца. Како доилка, мајката е единствен извор на сите прехранбени материи на бебето.

Практични препораки:

  • Секојдневен внес на зеленчук и овошjе (пожелно е дневно да се внесува еден оброк на портокалов зеленчук, два оброка зелен лиснат зеленчук и еден оброк на овошје од цитрус група). Практично, тоа значи да се вклучат две парчиња овошје или зеленчук во секој оброк (на пример: банана и чаша сок од портокал за појадок; чаша сок од домати и салата за ручек; и оброк обарен зеленчук за вечера).
  • Да се зголеми внесот на житарици. Најмалку пет оброци да бидат леб од цело зрно и житарици (корнфлекс, ориз).
  • Доволен внес на млеко. Мајката доилка има дневни потреби од калциум - еквивалент на четири чаши млеко со помалку масти.
  • Доволен внес на протеини. Дневно да се внесат три белковински оброци и тоа посно месо, пилешко без кожа, риба или варен грав или грашок.
  • Надополнување со витамински препарати. Во консултација со докторот, доколку има потреба од надополнување со витамински и минерални препарати.
  • Внимателно избирање на пијалоци. Сè што пие мајката пие и бебето кое се дои. Затоа, потребно е да се пие доволно вода, а да се редуцира внесот на алкохол, кофеин со кафе, чај и други напитоци.
  • Урамнотежен внес на калории. Дневните потреби на доилка се поголеми за 500 калории од возрасен, но потребите за витамини и минерали се поголеми. Дневните потреби на доилката се движат од 2000 до 2200 калории на ден.
  • Потребно е редовно јадење во тек на денот. Готови производи кои се сиромашни со витамини и минерали, а богати со калории не се пожелни.
  • За време на доењето, не е потребно да се држи диета. Ако се намали внесот на калории се намалува внесот на потребните витамини и минерали, со што, мајката е склона кон чести настинки, чувство на замор и други здравствени проблеми, а квалитетот на млекото и здравјето на бебето може да биде засегнато. По породувањето, во тек на првите шест недели, мајката нема потреба да се грижи за својата тежина.
  • Потребно е да се избегнуваат гурмански и зачинети јадења (грав, брокула, карфиол, лук, кромид, пипер), а наспроти тоа да се подготвуваат едноставни хранливи јадења богати со зеленчук, овошје, посно сирење и месо.
  • Ако мајката пуши или пие алкохол, тие поминуваат во млекото и може да му наштетат на бебето, а воедно и ја намалуваат секрецијата на млеко. Доколку мајката пуши, пожелно е да не пуши повеќе од 10 цигари на ден, и да се избегнува пушење во просторијата каде престојува бебето.
  • При постоење на фамилијарна оптовареност со алергии, можно е мајката која консумира млеко, јајце, риба или цитрусно овошје, да предизвика реакција кај бебето.
  • Доколку бебето е алергично на кравјо млеко, потребно е мајката да го ограничи внесот на кравјо млеко, а калциумот да го задоволи со друга храна (кељ, брокула, лосос, сардини).
  • Доколку мајката држи вегетаријанска диета, постои ризик за развој на дефицит на витамин Б12, и затоа е потребна консултација со лекар за дополнителна суплементација со витамин Б12.
  • Повеќето лекови се сигурни и не поминуваат во млекото, но сепак доколку мајката прима лекарства треба да се консултира со лекар. Само мал дел од лекарствата минуваат низ мајчиното млеко и може да бидат опасни за бебето. Пожелно е да се избегнуваат хлорамфеникол и тетрациклини, како и метронидазол и сулфонамиди. Да се избегнуваат лекови кои може да го намалат млекото како контрацептивни лекови кои содржат естрогени, тијазидни диуретици.
  • За време на доењето бебето ги користи хранливите продукти од мајката за своите потреби. Иако исхраната на мајката не е соодветна, млекото ги задоволува потребите на бебето. Поради тоа, лесно може да се појави недостаток на одреден витамин или минерал кај мајката, кој влијае како на здравјето на мајката така и на здравјето на бебето. Така витамин К, витамин Б6, витамин Ц и други витамини зависат директно од исхраната на мајката. Од тука, во одредени случаи, во овој период се дозволува надополнување со мултивитамински и минерални препарати  во консултација со доктор. Треба да се води сметка да не се надмине препорачаната доза за одредени витамини и минерали.

Одредени витамини и минерали во поголема доза можат да предизвикаат и одредени проблеми. Прекумерен внес на железо може да даде запек или пролив. Секако, витаминските и минералните препарати, не можат да гарантираат здравје доколку е слаба исхраната.

Затоа, секогаш е потребно прво да се обезбеди доволен внес на овошје и зеленчук како извор на витамини и минерали. Тие се богати и со други прехранбени продукти, кои се неопходни за здравје, а кои не може да ги задоволат фармацевтските препарати.

Даден е преглед на производи кои се богати со одредени витамини и минерали.
Со правилна исхрана, мајката обезбедува соодветен прехранбен внес за бебето, неопходен за правилен раст, развој и здравје. Воедно обезбедува здраво и силно опоравување  на мајката после породувањето.

Мајката доилка сè уште јаде како за двајца. Како доилка, мајката е единствен извор на сите прехранбени материи на бебето.