Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Правила за учество во програмата за лојалност и политика за собирање поени
Програмата на лојалност подразбира регистрирање на потрошувачите во систем и евиденција на нивните остварените поени со цел добивање на промо подарок, кој е дел од активна промотивна акција во моментот на аплицирање.
Поените се собираат со секое купување Becutan производи во сите продажни места (продавници) на територијата на Република Северна Македонија, преку сликање на фискалната сметка и прикачување на фотографијата во соодветното обележано поле на самата веб апликација.
- За купени производи Becutan во вредност од 100 денари, се добиваат 10 поени.
100 ден. = 10 поени.
Поените се собираат кумулативно, со секое следно Ваше најавување и приложување на фискалната сметка се собираат со претходно остварените поени.
НАПОМЕНА: Доколку кумулативниот износ на купени Becutan производи на една или повеќе сметки е помеѓу две заокружени стотки, бројот на поени се пресметува на принцип:
- помало или еднакво на 49 денари (се заокружува на претходната стотка во низата)
- поголемо или еднакво на 50 денари (се заокружува на следната стотка во низата)
Пример:
*Доколку износот од една или повеќе сметки изнесува 649 денари, на потрошувачот му следуваат 60 поени.
* Доколку износот од една или повеќе сметки изнесува 650 денари, на потрошувачот му следуваат 70 поени.
Поените се користат исклучиво за добивање на промо подарок за една избрана акција. По завршетокот на акцијата, сите поени собрани во текот на избраната акција се бришат.
- Поените не можат да се користат за купување на производи во малопродажни објекти.
- Поените не можат да се заменат за готовина.
- Поените не можат да се подарат, да се префрлат, или на друг начи, да се направат достапни за кое било друго лице, освен за лицето кое е регистрирано во програмата за лојалност.
Член 1.
Организатор на програмата на лојаност е АЛКАЛОИД АД Скопје, бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, Рег.број 4053575
Член 2.
Програмата за лојалност која што е поставена на нашата веб страница се спроведува во сите продажни места (продавници) на територијата на Република Северна Макединија во времетраење на дадената акција или до истекот на залихата на подароци.
Член 3.
Програмата за лојалност се спроведува со цел промоција на производите на брендот Becutan. Секоја акција која е дел од Програмата за лојалност вклучува одреден сегмент на производи од Becutan кои се експлицитно наведени во самата акција.
Член 4.
Во програмата за лојалност можат да учествуваат сите физички лица со постојан или привремен престој во Република Северна Македонија.
Член 5.
За учество во програмата за лојалност во периодот наведен во акцијата потребно е да купите специфични производи Becutan кои се наведени во акцијата, во минимална вредност која е наведена во акцијата во која било продавница каде што се достапни за продажба и да го пополните онлајн барањето правилно.
Секое барање треба да содржи слика од фискална сметка која го прикажува периодот на купување и купените Becutan производи.
Апликацијата мора да се пополни на веб-страницата: https://becutan.mk/loyalty
Член 6.
Сите потрошувачи со правилно испратена пријава добиваат награда согласно остварениот праг.
Член 7.
Организаторот на програмата за лојалност ќе испрати подарок до секој потрошувач во рок од 45 работни дена од приемот на точната апликација на наведената адреса по курир или пошта. Во случај потрошувачот да не ја подигне пратката, Организаторот не е должен да ги сноси трошоците за повторно испраќање. Доколку потрошувачот не го прифати доделениот подарок во следните 45 дена, го губи правото на истата.
Во случај на истекување на сите залихи, програмата за лојалност е завршена и клиентите ќе бидат известени преку веб-страницата https://becutan.mk/loyalty.
Поднесените барања кои се примени по завршувањето на програмата за лојалност не се квалификуваат за наградата.
Потрошувачот нема право да бара замена на доделениот подарок или замена на паричната награда. Со испраќање на наградата престануваат сите понатамошни обврски на Организаторот на Програмата за лојалност кон потрошувачот.
Член 8.
Со учеството во програмата за лојалност, потрошувачите се согласуваат дека нивните лични податоци ќе ги обработува и собира Организаторот за целите на предметната програма за лојалност. За испраќањето награди ќе се користат личните податоци обезбедени од потрошувачите во програмата за лојалност. Организаторот ќе ги користи доставените лични податоци исклучиво за контактирање со потрошувачите со цел да се договори за испорака на наградата и доставување на наградата до потрошувачот. Личните податоци на потрошувачите ќе се обработуваат исклучиво во согласност со прописите за заштита на личните податоци, заради спроведување на програмата за лојалност само во оној обем и време колку што е неопходно за исполнување на целта.
Потрошувачите можe во секое време да побараат да им се овозможи пристап до нивните лични податоци, корекција, право на преносливост на податоците, право на приговор и бришење, или може да ја повлечат согласноста за нивна натамошна обработка со испраќање на таквo барање до организаторот на е-маил адреса [email protected], или со користење на еден од следниве обрасци (линк). Потрошувачите се согласуваат дека остварувањето на кое било од овие права може да резултира со неможност за понатамошно учество во програмата за лојалност. Податоците се чуваат до повлекување на согласноста или додека не се постигне целта за која се собрани податоците.
Со учество во програмата за лојалност, потрошувачите се согласуваат да ги дадат своите лични податоци на давателите на услуги и подизведувачите кои ги извршуваат задачите за Организаторот поврзани со програмата за лојалност. Потрошувачите ќе бидат целосно одговорни за вистинитоста и точноста на информациите и податоците што ги даваат на Организаторот.
Член 9.
Со испраќање на барањето за учество во програмата за лојалност потрошувачот ги прифаќа овие Правила на програмата за лојалност.
Член 10.
Организаторот не е одговорен за евентуална штета, која би можела да произлезе од користењето на промо подароците од оваа програма за лојалност.
Организаторот го задржува правото да ја прекине програмата за лојалност пред крајниот рок утврден со овие правила, како и да ги промени одредбите од овие правила, за што потрошувачите ќе бидат известени преку веб-страницата https://becutan.mk/loyalty .
Член 11.
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците во програмата за лојалност, надлежен е Основниот граѓански суд во Скопје, Република Северна Македонија.