Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Како да се заштитите од различната јачина на УВ зраците?
УВ индексот е развиен од Американската национална метеролошка служба и од Американската агенција за заштита на средината, со цел да се обезбедат информации кои би биле од корист при планирање на одредени активности и превенирање на опасноста од прекумерното изложување на сончевите зраци.
УВ индексот се одредува секојдневно и ја предвидува јачината на УВ зрачењето, кое доаѓа до површината на земјата, и тоа на скала од 1 до 11+. 1 значи низок ризик, а 11+ претставува екстремен ризик. При негово одредување се земаат во предвид повеќе фактори како што се: степенот на облачност, висината на сонцето, географската ширина, надморската висина, присуството на озон во атмосферата, рефлексија од одредени површини и други локални услови кои влијаат на УВ радијацијата која стигнува до површината на Земјата.
УВ индексот варира во текот на денот. Така, во летните месеци наутро и навечер е низок ризикот од УВ зрачењето, до 11 часот и после 17 часот е умерен, а највисок е во пладневните часови.
УВ индекс | Ризик | Препораки | |
---|---|---|---|
помал од 2 | Низок Ризик | Постои можност снегот да ја зголеми рефлексијата и да доведе до оштетување на кожата и очите. | Користете креми со заштитен фактор. Во сончеви денови носете очила за сонце |
3-5 | Умерен ризик | Ова е чест пример кога времето е облачно, но спека внимавајте бидејќи 80% од УВ зраците може да поминат низ облаци. | Користете очила за сонце со заштита од ув зраци. Користете креми со соодветен фактор. |
6-7 | Висок ризик | Особено деца се чувствителни на појава на изгореници при невнимателно изложување на сонце кога УВ индексот е со висок ризик. | Практикувајте да носите лесна бела памучна облека. Користете креми со соодветен заштитен фактор. Престојувајте во сенка. Ограничете го престојот на отворено во периодот од 11-16 часот. |
8-10 | Многу висок ризик | Многу лесно може да дојде до оштетување на кожата. | Бидете внимателни кога сте на плажа бидејќи песокот и водата дополнително го зголемѕваат ув индексот. Користете средства со соодветен заштитен фактор. Избегнувајте престој на отворено во периодот од 11-16 часот. |
11+ | Екстремен ризик | Многу лесно може да дојде до оштетување на кожата, а светла кожа гори само за неколку минути доколку не е соодветно заштитена. | Превземете целосни мерки за заштита (нанесете крем со висок заштитен фактор, покријте го телото на детето со бела памучна облека, задолжително заштитете ја главата со капа и носете очила за сонце со УВ заштита)- немојте да престојувате на отворено во преиодот од 10-16 часот. |