Летна торба

Becutan колекција за заштита од сонце, обезбедува сигурна заштита од УВА и УВБ зраците, а истовремено ја негуваат кожата.

ТИП НА КОЖА ПРОИЗВОД
Многу чувствителна кожа Becutan High Protection Sun Cream SPF50
Умерено чувствителна и многу светла кожа Becutan High Protection Sun Cream SPF50
Кожа со средно светол тен  Во првите денови од изложувањето на сонце - Becutan High Protection Sun Cream SPF50
Откако кожата ќе добие сончана подлога - Becutan High Protection Sun Milk SPF30
Кожа со природно темен тен За лице - Becutan High Protection Sun Cream SPF50
За тело - Becutan High Protection Sun Milk SPF30 или Becutan High Protection Sun Lotion SPF20

 

Препорака за употреба на производите
ПРЕД СПИЕЊЕ

На крајот од  денот, по целодневното изложување на сонце, вода, песок, ветер, камчиња... кожата на вашето малечко бара посебна и поинтезивна нега од вообичаено.

Becutan маслена купка со оmega 3 и 6 масни киселини нежно ќе ја исчисти, хидратизира и омекне детската кожа. Природните растителни масла (масло од соја, сончогледово масло, масло од семки од грозје и маслиново масло) ќе се апсорбираат во кожата и ќе придонесат таа да остане нежна, мека и еластична, без знаци на сувост.

Becutan After Sun Milk,  благодарение на состојките: маслиново масло, масло од невен, камилица и Д- пантенол,  Becutan млекото по сончање е идеално за враќање на влажноста на кожата по нејзиното изложување на сонце.

ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ

Доколку некој дел од кожата на вашето малечко остане незаштитен, односно ненамачкан со средство за сончање, можно е да дојде до појава на изгореници (колку и да внимаваме, признаваме дека тоа може да му се случи на секој родител, факторот вода и песок во близана, сигурни сме, ги забрзуваат и онака турбо погоните на вашиот мал авантурист ). 

Becutan маста со рибино масло, покрај намената за секојдневна нега и заштита на кожа кај новороденчиња, се препорачува и за третман и смирување на кожата при евентуална појава на изгореници, кај сите членови од семејството, како и смирување на црвенило прдизвикано од триење и потење.

 

ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ

Becutan влажни марамчиња, нежно ја чистат и негуваат кожата во секој момент.