Becutan шампон и купка 2во1 Биби и Боби со мирис на bubble gum.

Идеална комбинација на 2 производи во 1, за нега и заштита на детската кожа и коса.

Во својот состав содржи благо површински активни материи од природно потекло кои овозможуваат двојна намена на производот.

Една од состојките во производот, Glyceryl Oleate, која припаѓа на групата биолипиди, е дел од природниот физиолошки слој на кожата, со што овозможува одржување и јакнење на нејзината заштитна функција.

Содржи екстракт од алое вера кој делува смирувачки врз кожата, и ја спречува појавата на иритација и црвенило. Д-пантенолот и екстрактот од пченични ‘ркулци ја регулираат влажноста на кожата и ја заштитуваат од сушење, истовремено придонесуваат косата да биде сјајна и мека, полесна за расчешлување.

Со своето двојно дејство и pH вредност блиска до вредноста на здравата кожа, овој производ овозможува целосна нега на детската кожа и коса.

По капењето кожата ќе биде нежна и мека, а косата сјајна и лесна за расчешлување.

Достапен во две формулации - добропознатото Becutan шампон и пенливо средство и формулација збогатена со мирис на bubble gum за сите љубители на неодоливо слатките мириси!

ДОСТАПНОСТ

300 ml
Becutan шампон и купка 2во1 Биби и Боби со мирис на bubble gum.