Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Becutan шампон и пенливо средство за капење 2 во 1 со масло од лаванда
Комбинацијата на состојки што го сочинува овој производ овозможува двојно дејство за нега и хигиена на детската кожа и коса. Една од главните состојки е маслото од лаванда. Етеричното масло од лаванда содржи активни ароматични компоненти кои го прават ова масло од непроценлива вредност за одржување на здравјето, убавината и добрата состојба на организмот. Бенефитите од неговата употреба се далеку познати и со долгогодишна традиција.
Маслото од лаванда длабински и нежно ја чисти и негува нежната детска коса правејќи ја мека, сјајна и лесна за расчешлување. Дополнително овој производ содржи регенератор кој го надополнува ова дејство. Карактеристичниот релаксирачки мирис на маслото го прави овој производ да биде особено погоден за вечерното капење и добар сон. Исто така благопријатно делува и ја негува чувствителната детска кожа. Збогатен е и со Д-пантенол ,состојка која учествува во процесот на регулирање на влажноста на косата и кожата.
- не содржи парфем;
- не содржи боја;
- не содржи парабени;
- производот е дерматолошки тестиран;
- збогатен со Д-пантенол.
ДОСТАПНОСТ
200 мл