Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Млеко за сончање Becutan SPF 50 -FAMILY-
Млекото во спреј Becutan SPF 50 е погодно за целото семејство.
Овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, а особено во летниот период. Комплексната формулација на новиот производ се заснова на употреба на висококвалитетни, фотостабилни хемиски УВ-филтри, со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Млекото содржи внимателно избрани состојки кои обезбедуваат подобра дистрибуција на заштитните филтри на површината на кожата, а со тоа овозможуваат лесна и практична апликација на производот.
Млекото е дополнително збогатено со глицерин, кој потпомага во одржувањето на природната хидратација на кожата, и со витамин Е. Витаминот Е со своето антиоксидативно дејство ја појачува ефикасноста на заштитните филтри преку намалување на процесот на формирање на слободните радикали, кои се последица на изложувањето на штетните УВ-зраци, го стимулира процесот на заздравување и на регенерација на кожата и влијае врз заштитата и врз одржувањето на природниот липиден баланс на кожата.
- Клинички тестиран
- Само за надворешна употреба
Начин на употреба: нанесете обилно на сува кожа 15 минути пред изложување на сонце и повторно аплицирајте, особено по потење, пливање или по бришење со пешкир. Со нанесување помала количина од производот значително се намалува нивото на заштита. Бебињата и малите деца да не се изложуваат директно на сонце.
Избегнувајте предолго изложување на сонце, дури и при употреба на производ за заштита од сончевите зраци, бидејќи тоа претставува сериозен ризик за здравјето
ДОСТАПНОСТ
270ml