Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Becutan инстант чај од сладок анасон, камилица и маточина
По втор месец од раѓање.
Инстант чај кој содржи екстракти од специјално одбрани билки со потврден квалитет. Во составот влегуваат лесно сварлив шеќер – глукоза, екстракт од лист од маточина, eкстракт од цвет од камилица, екстракт од плод од сладок анасон и етерично масло од плод од сладок анасон. Плодот од сладок анасон и цветот од камилица го поддржуваат варењето на храната и помагаат при надуеност. Цветот од камилица има благоприjатен ефект врз грлото и врз дишните патишта. Листот од маточина придонесува за нормална функциjа на системот за варење, има релаксирачки ефект и придонесува за квалитетен и за мирен сон.
Производот не содржи вештачки бои, ароми, конзерванси и млечни протеини.
Без глутен.
Начин на употреба:5 g инстант чаj се раствора во 100 ml млака претходно превриена вода или млеко. Препорачана дневна доза: 1-2 пати на ден по 50-100 ml свежо приготвен чаj, наjмалку 30 минути пред оброк. Максимална дневна доза: 10 g инстант чаj, приготвени според упатството за употреба. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Секогаш користете свежо приготвен чаj, изладен на телесна температура и без додаток на шеќер.
Пакување: - 200 g во цилиндрична кутија со практичен начин на отворање - 20 кесички од 5 g за уште поедноставна употреба.
Неодоливо сладок и вкусен напиток за нашите наjмили!
ДОСТАПНОСТ
Достапен е во пакување од 200 g, во цилиндрична кутија со практичен начин на отворање, како и во пакување од 20 кесички со приспособена доза од 5 g за уште поедноставна употреба.