Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Becutan инстант чај од сладок анасон и камилица
По втор месец од раѓање.
Инстант чај кој содржи екстракти од специјално одбрани билки со потврден квалитет. Во составот влегуваат лесно сварливи шеќери – сахароза и глукоза, екстракт од плод од сладок анасон, екстракт од цвет од камилица и етерично масло од плод од сладок анасон.
Деjство: Слаткиот анасон и камилицата имаат карминативно и спазмолитично деjство. Тие го стимулираат лачењето желудочен сок и jа подобруваат перисталтиката, со што го подобруваат варењето на храната (таа подобро се разградува и се ресорбира). Воедно, го помагаат и отстранувањето гасови од системот за варење, при што се намалува надуеноста на цревата и се смируваат грчевите. Цветовите од камилица, заради компонентите што ги содржат во етеричното масло, имаат и противвоспалително и антимикробно деjство. На камилицата и се припишуваат и своjства за олеснување на искашлувањето, а, исто така, таа деjствува благоприjатно и при несоница и при состоjби на вознемиреност.
Производот не содржи вештачки бои, ароми, конзерванси и млечни протеини.
Без глутен.
Начин на употреба:
Доенчиња: 5 g инстант чаj се раствораат во 100 ml свежо зовриена, млака вода или во млеко. Мали деца: 5 - 10 g инстант чаj се раствораат во 100 - 200 ml млака вода или во млеко. Се препорачува секогаш да се користи свежо приготвен чаj, изладен на телесна температура и без додаток на шеќер. Дневна препорачана доза: 2 пати на ден по 50 до 100 ml свежо приготвен чаj, наjмалку половина час пред доење или пред оброк. Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Пакување: - 200 g во цилиндрична кутија со практичен начин на отворање - 20 кесички од 5 g за уште поедноставна употреба.
Неодоливо сладок и вкусен напиток за нашите наjмили!
ДОСТАПНОСТ
Достапен е во пакување од 200 g, во дознa со практичен начин на отворање, како и во пакување од 20 кесички со прилагодена доза од 5 g за уште поедноставна употреба.